7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСо овој телефон Huawei ќе ги „нападне“ Galaxy S8 и iPhone 8

Со овој телефон Huawei ќе ги „нападне“ Galaxy S8 и iPhone 8

p10x111

„Huawei“ не ги крие своите долгорочни планови, па веќе неколку пати најави дека во иднина сака да стане најголемата мобилна компанија во светот.

Моментално го зазема третото место во светот според бројот на испорачани телефони, а врвот посакува да го освои со уреди како моделот „P9“, чија продажба од април оваа година, наскоро би можела да достигне 10 милиони примероци.

За следната година се планира неговиот наследник „P10“ па според гласините кои кружат на интернет за овој уред, „десетката“ би можел да биде вистински „ѕвер“ со кој оваа кинеска компанија ќе може да конкурира на најдобрите паметни телефони на „Apple“ и „Samsung“.

Дијагоналата на екранот на новиот смартфон на „Huawei“, „P10“, би требало да изнесува 5.5 инчи со резолуција од 1440×2560 пиксели (oвие димензии и резолуција стануваат стандард за топ моделите смартфони), пишува „Phone Arena“.

Моделот доаѓа со новиот „Kirin 960“ чипсет со осумјадрен процесор со моќност од 2.3GHz кој ќе биде многу помоќен, но и поштедлив во однос на процесорот кој е во моделот „P9“, па ќе има дури 6GB RAM и 256GB простор за складирање на податоци, а веројатно ќе бидат и модели со помала меморија, кои нормално ќе бидат поевтини.

Што се однесува за останатите опции, „Phone Arena“ ја споменува задната камера од 12MP (моментално нема информации дали станува збор за двојна камера како кај моделот „P9“), предна од 8MP зa селфи фотографии и последната верзија на „Android Nougat“.

Претставувањето на телефонот се очекува кон крајот на март или почетокот на април, но веројатно малку подоцна кога „Samsung“ ќе го претстави „Galaxy S8/S8 Edge“, но и многу пред „iPhone 8“ кој се очекува во текот на септември.

p10x

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП