18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнглија испушти победа над Шпанија, без голови на „Сан Сиро“ (видео)

Англија испушти победа над Шпанија, без голови на „Сан Сиро“ (видео)

1743109370582b84b8d1f30645929153_w640

Четири гола на „Вембли“ и ниту еден на „Сан Сиро“ ги обележаа пријателските натпревари кои се одиграа во вторникот вечерта ширум Европа.

Прво дерби на „Вембли“ во Лондон помеѓу Англија и Шпанија завши 2:2, иако домаќините имаа два гола предност до претпоследната минута.

Англија водеше со головите на Лалана од пенал и на Варди, но Шпанците финишот го одиграа како да е во прашање финале на големо натпреварување.

Најпрвин дебитантот Јаго Аспас постигна убав гол во 89.минута, а во 96-та конечните 2:2 ги постави Иско.

Италија и Германија на „Сан Сиро“ во Милано, одиграа меч без вистинска шанса кој на крајот заврши без голови.

Северна Ирска ја пречека Хрватска и загуби 0:3. Напаѓачите Манџукиќ, Чоп и Крамариќ беа стрелци на головите.

Шведска во Будимпешта ја совлада Унгарија со головите на Ларсон и Телин, а со ист резултат, стрелци беа Траустасон и Ингасон, Исланд победи на Малта. 2:0 беше и на натпреварот помеѓу Украина и Србија. Украинците победија со головите на Шахов и Јармоленко од пенал.

Чешка и Данска ремизираа 1:1, а Франција одигра 0:0 против Брегот на Слоновата коска, а со ист резултат заврши натпреварот Австрија-Словачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП