17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвролига: Нов пораз на Фенербахче, Ц.ѕвезда победи во Бамберг

Евролига: Нов пораз на Фенербахче, Ц.ѕвезда победи во Бамберг

285348466582b7835d7869077612871_w640

Кошаркарите на Фенербахче го забележаа третиот пораз во Евролигата, откако одиграа лошо во Тел Авив. Домаќинот Макаби го совлада Фебербахче 87:77. Во натпреварите од седмото коло, кои се одиграа во вторникот, победи забележаа уште Анадолу Ефес, Црвена ѕвезда и Армани Милано.

Фенербахче е во криза, играта е далеку од можностите на тимот, кој по дебаклот од Басконија, доживаа уште еден пораз на гостински терен. Макаби, предводен од Сони Вимс кој 12 од 22-та поена постигна во третиот период, го победи Фенербахче 87:77.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ одигра само три минути и 37 секунди, промаши еден шут за два и еден шут за три поени.

Најефикасен кај Фенербахче беше Екпе Јудо со 17 поени.

Фенербахче во наредното коло ќе го игра градското дерби против Ефес, додека Макаби ќе гостува кај Уникс во Казањ.

Ефес во ефикасен натпревар славеше против Уникс 104:99. Ефес клучната предност ја оствари во третата четвртина (32:20). Томас Ертел со 24 поени и осум асистенции го предводеше Ефес, додека на спортивната страна Кит Ленгфорд постигна 25 поени.

Црвена ѕвезда е единствениот тим кој победи на гостински терен во вторникот. Регионалниот шампион славеше во Бамберг, во драматичен меч, со 79:78.

Решавачките поени ги постигна Чарлс Џенкинс на 24 секунди до крајот на мечот, а потоа Лазиќ со добра одбрана не му дозволи на Дариус Милер да упати шут кон кошот.

Милко Бјелица со 18 и Марко Симоновиќ со 17 поени беа најефикасни во белградскиот тим, додека Бамберг го предводеа Мели со 16 и Милер со 14 кошеви.

Армани Милано релативно лесно славеше во дуелот со Басконија 88:76. На овој меч сите 11 кошаркари на Армани постигнаа најмалку два поени, а најефикасен беше Раким Сандерс со 19, во редовите на Басконија Шејн Ларкин имаше учинок од 21 поен, девет скока и четири украдени топки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП