8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРумениге: „Малите“ земји да играат претквалификации

Румениге: „Малите“ земји да играат претквалификации

san-marino-696x466

Претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге, повотрно ја поттикна расправата околу улогата на „малите“ фудбалски нации и нивното учество во квалификациите за пласман на европските и светските првенства. Румениге рекол дека репрезентации како нпр. Гибралтар, Косово и Сан Марино треба да играат претквалификации.

„Сега играме против Сан Марино, Косово, Гибралтар…Се прашувам зошто нема претквалификации за тие мали земји“, изјавил Румениге за Bild.

Исто така Румениге се пожалил и на ситемот „една земја еден глас“, кои го применуваат ФИФА и УЕФА. Тој не се согласува со сиетмот во кој гласовите на малите земји имаат иста тежина како и гласот на една велесила каква што е Германија.

Овие две прашања, од петокот и натпреварот Сан Марино-Германија, се главни теми во германските медиуми. Германија тој натпревар го доби со 8:0.

Напаѓачот на Ваерн, Томас Милер, по натпреварот рекол дека фудбалерите на Сан Марино пружиле максимум, но дека светскиот првак не би требало да си го троши времето играјќи со такви противници.

На оваа, во најмала рака, некоректна изјава, реагираше портпаролот на Олимпискиот комитет на Сан Марино, Ален Гасперони. Тој во писмена форма навел 10 причини зошто треба да се играат такви натпревари.

Гасперони меѓудругото напишал дека децата во Сан Марино имале можност да ги гледаат светските шампиони и дека фудбалот им припаѓа на сите кои ја сакаат оваа игра. Писмото го завршил со мала провокација до гермаските туристи и до Милер.

„Натпреварот ми даде можност да се потсетам дека и покрај тоа што ги носиш најубавите тренерки Адидас секогаш ќе бидеш ликот кој носи бели чорапи на сандали“.

Интересно со изјавата на Милер не се согласува неговиот соиграч од Баерн и донеодамна капитен на репрезентацијата, Филип Лам.

„Мислам дека за нив тоа беше натпревар на годината. Тоа за нив преставува радост, а фудбалот е токму тоа, радост“, рекол Лам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП