
Светската ракометна федерација (ИХФ), во вторникот, ги објави термините во кои ќе се играат натпреварите на Мундијалот во Франција.


Светската ракометна федерација (ИХФ), во вторникот, ги објави термините во кои ќе се играат натпреварите на Мундијалот во Франција.
Дел од ракометниот Мундијал ќе биде и репрезентацијата на Македонија, која партиципира во Б групата, во која се и Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола. Натпреварите во оваа група ќе се играат во Мец.
Македонија првиот меч на Светското првенство ќе го одигра на 12.јануари во 16:45 часот против Тунис.
Ривали во преостанатите три кола на македонските ракометари ќе им бидат Ангола (14.јануари, 20:45 ч.), Словенија (16.јануари, 17:45 ч), Шпанија (18.јануари, 20:45 ч) и Исланд (19.јануари, 17:45 ч).
Пласман во осминафиналето ќе изборат првите чтири репрезентации во групата.
Светското првенство во Франција ќе се одржува од 12. до 29.јануари.