20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајтешките противници на Пујол

Најтешките противници на Пујол

pujol-696x687

Карлес Пујол, легендарниот капитен на Барселона, пред две години замина во пензија како еден од најголемите играчи во богатата клупска историја.

Долгогодишниот играч на Барселона и репрезентацијата на Шпанија, кариерата ја заврши со 21 клупски торфеј и два со националниот тим (светско и европско првенство).

Во текот на кариерата, дефанзивецот Пујол, играл против најдобрите во своето време, поради што решил да состави тим од играчи против кои играл, односно кои никогаш не му биле соиграчи.

Тимот на голот го предводи Џанлуиџи Буфон од Јувентус, а во одбраната по десната и левата позиција се легендите на Интер и Реал, Хавиер Занети и Роберто Карлос.

Централни дефанзивци во оваа постава на Пујол би биле поранешните играчи на Милан, Паоло Малдини и Алесандро Неста.

Тројката во средниот ред е Андреа Пирло (Милан/Јувентус), Кларенс Седорф (Милан) и Зинедин Зидан (Јувентус/Реал).

Пујол како централен дефанзивец водел фудбалски битки со најдобрите напаѓачи, во тимот одбрал тројца кои му создавале најмногу проблеми: Аријан Робен (Реал/Баерн), Серхио Агуеро (Атлетико/Манчестер Сити) и Дидие Дрогба (Челзи).

pujol-696x687

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП