18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлкалоид ја прослави европската титула

Алкалоид ја прослави европската титула

sah-alkaloid399

Шаховскиот клуб Алкалоид, во понеделникот, со пригодна свеченост го прослави најголемиот успех во историјата на клубот, освојувањето на Европскиот клупски куп (ЕКК), пандан на фудбалската Лига на шампиони.

Првиот човек на Алкалоид, Живко Мукаетов, изрази задоволство што изторискиот успех кој се случи во годината кога Алкалоид прославува осум децении постоење на компанијата и четири децении постоење на клубот.

„Пресреќен сум што може да прославиме еден огромен успех. Македонија има европски шампион и сите сме горди на овој постигнат успех. Пред себе имавме петгодишен план, чија крајна цел беше освојување на европската титула, лично изненаден сум што до неа стигнавме порано од почекувањата, но поради тоа нашата радост е уште поголема“, рече Мукаетов.

Историскиот успех Алкалоид го оствари во состав: ВМ Лирен Динг, Кина (2.764), ВМ Дмитри Андрејкин, Русија (2.736), ВМ Павел Ељанов, Украина (2.736), ВМ Дмитри Јаковенко, Русија (2.709),ВМ Јангуи Ју, Кина (2.721), ВМ Јури Криворучко, Украина (2.702) и Македонците ВМ Трајко Недев (2.480) и ИМ Филип Панчевски (2.503). Капитен на екипата беше ВМ Драгољуб Јаќимoвиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП