ИНТЕРЕСНО

Рутинска победа на Мареј против Чилиќ

3f5972c276d29acbc515108bb66b9854

Енди Мареј рутински славеше над Марин Чилиќ во својот прв меч на завршниот Мастерс во Лондон. Британецот кој е прв носител за 90 минути победи во два сета 6-3, 6-2.

Мари, во својот прв меч на завршниот Мастерс помалку грешеше и поради тоа го победи Марин Чилиќ.

Британецот и Хрватот одиграа лош прв сет, збирно имаа само седум директни поени и дури 31 неизнудена грешка (Мареј 2/14, Чилиќ 5/17). Првиот сет го доби тенисерот кој подобро ги искористи брејк шансите, во случајот Мареј.

Британецот имаше две брејк шанси и направи два брејка, додека Чилиќ искористи само една од четирите брејк топки.

Во вториот сет Хрватот се мачеше со сервисот, а Мареј го подигна нивото на својата игра што му беше доволно да победи во два сета.

Во второто коло, в среда, Мареј ќе игра против Вавринка, а Чилиќ за противник ќе го има Нишикори.