2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБолт го најави своето повлекување

Болт го најави своето повлекување

19474772_303

Најдобриот спринтер на сите времиња, деветкратниот олимписки шампион, Јусеин Болт, најави дека по завршувањето на Светското првенство во Берлин наредната година ќе замине во пензија.

Кога не би морал толку да тренирам, би можел да одам до бескрај. Сеуште можам да трчам во синџири (дел од тренингот), но колку сте постари тогаш мора повеќе да се жртвувате и да бидете повеќе дисциплинирани. Искрено, мислам дека повеќе ја немам таа дисциплина. Многу работев за да стигнам каде што сум сега и Светското првенство наредната година ќе биде мојот последен настап“, рекол Болт во интервју за Скај спортс.

Светскиот рекордер на 100 и 200 метри нагласил дека нема да учествува на Олимписките игри во Токио во 2020 година.

„Знам дека за две години нема да бидам најбрзиот човек во светот, знам кога е време да се пензионирам. Еднаш го прашав Мајкл Џонсон зошто се повлекол кога бил на врвот и кога доминирал, тој ми одговори дека ги исполнил своите цели. Кога ќе дојдете до точката дека поеќе немате волја да тренирате, тогаш започнувате да ги губите трките и да се резилите на патеката“.

Кон крајот на оој месец премиерно ќе биде прикажан филмот за Болт, кој во интервјуто појаснил дека се согласил да се сними тој филм за да биде запаметен како еден од најдобрите спортисти на сите времиња.

„Кога ги гледав Мохамед Али и Пеле колку вредно работат и доминираат, посакав да бидам како нив и поради тоа го снимив филмот. Сакам за 20 години, кога ќе се говори за желбата да се тренинг и за натпреварување, да биде спомнато и моето име“, завршил Болт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП