5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИгуаин лут на раководството на Реал

Игуаин лут на раководството на Реал

iguain

Напаѓачот на Реал Мадрид, Гонзало Игуаин е лут на раководството на тимот. Тој исклучително е незадоволен од односот што шефовите го укажуваат кон него и е на пат да побара да биде продаден.

Причината за тоа е неисполнувањето на ветувањето од страна на раководството за потпишувањето на нов договор со него. Аргентинецот е уверен дека ќе добие понуда за нов договор со подобри финансиски услови, но во моментов шефовите на „кралевите“ молчат во врска со тоа прашање и работите се во застој. Оваа ситуација го прави многу нервозен Игуаин, чие трпение е при крај.

Па поради тоа играчот е на пат да постави ултиматум до раководството или да му понудат нов договор во најскоро време или да го продадат во текот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП