10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ остана без тренер, Јончевски поднесе оставка

МЗТ остана без тренер, Јончевски поднесе оставка

joncevski-696x463

Александар Јончевски, во понеделникот, поднесе оставка на функцијата шеф на стручниот штаб на кошаркарскиот клуб МТЗ Скопје Аеродорм.

Јончевски, на клупата на македонскиот првак го наследи Емил Рајковиќ, на кого му беше прв асистент.

Како тренер го предводеше МЗТ на девет натпревари, на кои забележа само две победи (Карпош Соколи и Олимпија).

Инаку, оставката доаѓа по клупското соопштение дека стручниот штаб и играчите, поради незалагање на натпреварите и тренинзите, се казнети со по една плата.

МЗТ в среда ќе го пречека Лиеткабелис, во рамките на Еврокупот, а на тој натпревар на тренеркста клупа македонскиот првак ќе го предводат Горан Крстевски, досегашниот асистент на Јончевски и Александар Књазев, кој ќе ја има улогата на стручен консултант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП