4 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛипи дебитира како селектор на Кина

Липи дебитира како селектор на Кина

lipi399

Италијанскиот фудбалски тренер, Марчело Липи, во вторник ќе дебитира како селектор на Кина. Единствената цел на Липи му е да се пласира со Кина на Светското првенство во 2018 година.

Марчело Липи со Италија во 2006 година ја освои титулата светски првак, поради неговото искуство го ангажираа Кинезите, а прва пречка на патот до Мундијалот во Русија ќе му биде Катар.

Италијанецот ќе има тешка задача бидејќи по четири натпревари во А групата, неговиот претходник со Кина успеа да освои само еден бод.

„Во нашиот фокус е само натпреварот со Катар, потоа ќе мислиме на Кореа. Целта ни е да се пласираме на Светското првенство. Се надевам дека можеме да направиме чудо“, рекол Липи.

Искусниот тренер веќе работел во Кина, тој во периодот од 2012 до 2014 година го предводеше Гуангџу Евергранде до три шампионски титули, а во 2013 и до триумф во азиската Лига на шампиони.

Липи во репрезентацијата повикал петмина фудбалери на поранешниот клуб, кој во октомври ја освои шестата последовна титула во кинеското првенство.

Инаку, Кинезите Липи го врзаа со долгорочен договор, односно тој не е условен да избори пласман на Мундијалот во Русија, туку има задача да работи на иднината на кинескиот фудбал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП