2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШтербик и Карачиќ во тимот на колото

Штербик и Карачиќ во тимот на колото

arpad-sterbik-696x531

Двајца ракометари на Вардар по блескавата тимска победа над европскиот првак Кјелце 40-34, ЕХФ ги избра во најдобриот тим на шестото коло во Лигата на шампионите.

Арпад Штербик е најдобар голман, а Игор Карачиќ најдобар среден бек во ова коло, а блиску до идеалните седум беа и Алекс Душебаев, односно Тимур Дибиров.

Инаку вардаровиот голман, во шестото коло, ја има и најдобрата интервенција.

Штербик на натпреварот со Кјелце имаше 15 интервенции, а Карачиќ беше најефикасен играч на натпреварот со девет голови. Од овој меч место во тимот на колото избори и пикерот на Кјелце Хулен Агиналгалде.

ЛШ 6.коло:

Голман: Арпад Штербик (Вардар)
Лево крило: Џери Толбринг (Кристијанштад)
Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)
Среден бек: Игор Карачиќ (Вардар)
Десен бек: Недим Ремили (ПСЖ)
Десно крило: Маруис Штајнхаусер (Рајн Некар)
Пикер: Хулен Агиналгалде (Кјелце).

http://www.ehftv.com/int/video/top-5-saves-round-06

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП