22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбака и пресуди на Оклахома, нов трипл дабл на Вестбрук

Ибака и пресуди на Оклахома, нов трипл дабл на Вестбрук

ibaka-768x512

Серж Ибака прв пат настапи против Оклахома во дресот на Орландо и ги шокира поранешните соиграчи. Конгоанецот ги постигна поените за победа на 0,4 секунди до крајот на мечот. Победи во НБА натпреварите кои се одиграа изминатата ноќ забележаа Кливленд, Голден Стејт и Минесота.

Оклахома летово го испрати Серж Ибака во Орландо, а тој на поранешниот тим успеа да му се одмазди веќе во првото свое гостување на теренот на кој мина седум сезони. Ибака постигна 31 поен, на кои придодаде девет скока, тој ги постигна и последните поени за 119:117 на 0,4 секунди до крајот на натпреварот.

Кај Оклахома Расел Вестбрук одигра уште еден спектакуларен меч и го забележа 40-от трипл дабл во кариерата. Вестбрук имаше учинок од 41 поен, 16 асистенции и 12 скокови.

Голден Стејт предводен од големото трио (Кари, Томпсон, Дурент) славеше победа над Феникс 133:120.

Кари постигна 30 поени, имаше и по шест скокови и асистенции, Томпсон постигна ист број на поени, а Дурент реализира 29 поени, на кои придодаде девет скока и пет асистенции. Двоцифрен кај Голден Стеј беше и Грин (14 поени, 11 скокови, 7 асистенции).

Актуелниот шампион Кливленд славеше против Шарлот 100:93. Леброн Џејмс со 19 поени и по осум скока и асистенции беше предводникот на Кливленд. Ист број на кошеви уфрли Лав, а поен поевеќе (6 тројки) Фрај.

Минесота убедливо славеше против ЛА Лејкерс 125:99. Ендрју Вигинс постигна рекордни во кариерата 42 поени, а личен НБА рекорд постави и Србинот Немања Бјелица кој уфрли 24 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП