16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБиХ испушти победа во Атина, Белгија ја декласира Естонија (видео)

БиХ испушти победа во Атина, Белгија ја декласира Естонија (видео)

13932658385828e0536a272382097030_w640

Очекувани победи на фаворитите и ремито на Грција и БиХ го облежаа третиот ден од натпреварите, кои во рамките на четвротто коло се играат во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Грција, во најинтерсниот дуел, ја пречека БиХ и успеа да извлече нерешен резултат во 96.минута со голот на Цавелас. Претхдно БИХ поведе во 32.минута со автоголот на грчкиот голман Карнезис.

Двете репрезентации натпреварот го завршија со десетмина на теренот, во 80.минута Џеко го доби вториот жол картон, а грчкиот играч Пападопулос доби директен црвен картон.

Најубедливата победа ја запиша Белгија која со 8-1 славеше над Естонија. Белгискиот селектор Роберто Мартинез на овој меч играше во формација 3-4-3.

Португалија ја совлада Летонија 4-1. Роналдо постигна два гола и промаши пенал.

Група А: Бугарија-Белорусија 1:0, Луксембург-Холандија 1:3
Табела: Франција 10, Шведска 7, Холандија 7, Бугарија 6, Белорусија 2, Луксембург 1

Група Б: Унгарија-Андора 4:0, Швајцарија-Фарски острови 2:0, Португалија-Летонија 4:1
Табела: Швајцарија 12, Португалија 9, Унгарија 7, Фарски ос. 4, Летонија 3, Андора 0

Група Х: Кипар-Гибралтар 3:1, Белгија-Естонија 8:1, Грција-БиХ 1:1
Табела: Белгија 12, Грција 10, БиХ 7, Естонија 3, Кипар 3, Гибралтар 0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП