2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБолт ќе тренира со Борусија, но нема да потпише договор

Болт ќе тренира со Борусија, но нема да потпише договор

bolt

Директорот на Борусија Дортмунд Ханс Јоаким Вацке потврдил дека Усен Болт ќе тренира со тимот, но ги отфрлил шпекулациите дека ќе потпише договор со клубот.

Усеин Болт, деветкратен олимписки шампион, во неодамношното интервју за лондонски Гардијан рекол дека „разговарал со некои луѓе“ да се прфрли во фудбалот.

„Не е шега дека информацијата дека Болт ќе тренира со Борусија. Директорот на Пума Гулден, кој е и член на Управниот одбор на Борусија, пред извесно време ми кажа дека Болт го прашал да тренира со нашиот клуб. Веднаш му кажав дека тоа е во ред, а и нашиот тренер Томас Тухел го прифати тоа“, рекол Вацке.

Директорот на Борусија порачал дека Болт ќе трениера со Борусија само кога тимот нема да има густ распоред на натпреварите.

„Секако дека нема да ни се приклучи кога ќе играме по две средби неделно, туку кога распоредот нема да биде густ. Играчите сакаат Болт да тренира со нив. Не разговаравме за никаков договор, за нас преставува голема чест што Болт сака да тренира со нас“, завршил Вацке.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП