3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДождливиот човек Ферстапен, глупоста на Ред Бул и триумф на Хамилтон

Дождливиот човек Ферстапен, глупоста на Ред Бул и триумф на Хамилтон

brazil-f1-696x428

Луис Хамилтон победи на „маратонската“ трка во Бразил, на патеката Интерлагос. Хамилтон прв пат во кариерата победи во Бразил, ја забележа 52-та победа во кариерата и ја намали предноста на Розберг во пресрет на последната трка на 12 бодови.

Силниот дожд во Сао Паоло предизвика трката во Интерлагос да трае нешто повеќе од три часа.

Стартот најпрвин беше пролонгиран за десет минути, потоа стартот го означи безбедносното возило, кое во текот на трката уште четири пати излезе на патеката. Најпрвин по излетувањето на Ериксен, па по инцидентот на Раиконен, потоа кога дождот беше премногу силен и на крајот кога на стартноцелниот правец излета Маса.

Фелипе Маса, во 49-от круг ја заврши трката, а додека одеше кон боксот доживеа стоечко ракоплескање од публиката и од сите во боксовите.

Маса кој ја завршува кариерата, ја извозе последната трка на домашен терен.

Хамилтон рутински стигна до победата, Розберг не ризикуваше и го освои второто место, а трет трката ја заврши херојот на денот Макс Ферстапен, кој само поради глупоста и неразбирливата тимска тактика не заврши втор.

Ред Бул буквално му подари три бода на Розберг, кои веројатно ја решија шампионската трка.

Имено, тинејџерот Ферстапен, кога безбедносното возило трет пат се тргна од патеката го мина Роберг, беше комотен на второто место, кога тимот го повика да менува пневматици, односно да продолжи на интермедија пневматиците. Оваа одлука на Ред Бул ќе биде предмет на дискусија, бидејќи дојде во момент кога дождот пажаше и немаше најави дека ќе престане.

Кога во Ред Бул ја увидоа грешката, повоторно го повикаа Ферстапен во пит стопот, му ги вратија пневматиците за дожд, а младиот Холанѓанец блескаше на патеката, тој за 16 кругови од 13-та позиција стигна до третото место.

Бодови на Интерлагос освоија уште Перез (Форс Индија), Фетел (Ферари), Саинц јуниор (Торо Росо), Хлкенерг (Форс Индија), Рикардо (Ред Бул), Наср (Заубер) и Алонсо (Мекларен).

По трката во Бразил розберг има 367 бодови, 12 повеќе од тимскиот колега Хамилтон.

Последната трка во сезоната ќе се вози во Абу Даби, на патеката „Јас Марина“, на 27.ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП