23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПерфектно издание на ЖРК Вардар против Ференцварош

Перфектно издание на ЖРК Вардар против Ференцварош

%d0%b2%d0%b0%d1%80%d0%b4%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b8

Ракометарките на Вардар со импресивна игра го декласираа Ференцварош 37-24 (21-12) и ја потврдија првата позиција во групата.

Пресметката на Ференцварош и Вардар остана само дерби на хартија, бидејќи избраничките на Давид Камара ги дикласираа своите противнички.

Неизвесноста, доколку воопшто ја имаше, траеше десетина минути, потоа серијата со која вардарки стекнаа предност 3-8 ја најави нивната убедлива победа.

Вардарки во сите лини на тимот делуваа беспрекорно, а најдобар показател за тоа е резултатот 4-14 во 21.минута.

Втроиот дел беше само формалност, период во кој разликата се движеше помеѓу осум и десет гола, а во последните пет минути Вардар ја достигна и највисоката разлика од плус 13.

Лекиќ го предводеше Вардар со седум голови, а по шест постигнаа Мавсар и Радичевиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП