2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБудуќност без тренер, Шќепановиќ поднесе оставка

Будуќност без тренер, Шќепановиќ поднесе оставка

scepanovic

Владо Шќепановиќ повеќе не е тренер на кошаркарите на Будуќност. Младиот тренер си поднесе оставка по поразот во Скопје, од Карпош Соколи, кој беше прв за Будуќност во АБА лигата.

Шќепановиќ четири месеци го предводеше црногорскиот шампион, а како што рекол „оставката ја поднел од чисто спортски мотиви“.

„КК Будуќност Воли ја известува јавноста дека тренерот Владо Шќепановиќ поднесе оставка на својата функција во клубот, превземајќи ја одговорноста за чуствителната ситуација во која се наоѓа клубот. Со жалење ја прифативме неговата оставка, но тоа не го доведува во прашање неговиот придонес во изминатите четири месеци“, се вели во клупското соопштение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП