18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонските фудбалери без „бело знаме“ во Гранада

Македонските фудбалери без „бело знаме“ во Гранада

repka3

Македонската фудбалска репрезентација, денес во Шпанија, ќе го одигра натпреварот од четвртото квалификациско коло за пласман на СП во Русија.

Притаен оптимизам, кој се темели на добрите игри од почетокот на овој квалификациски циклус владее во македонската селекција, иако сите се свесни дека Шпанија е фаворит.

„Верувам во фудбалерите, ние имаме свои цели и се надевам дека по мечот тие ќе бидат оставарени. Формациски нема да се менува ништо во нашата игра, но можни се неколку персонални измени, голман и уште две. Имаме можеби најмлада репрезентација, но тоа не ме плаши, верувам во младите и сигурно некој од нив ќе добие шанса. Во фудбалот битни се поединците, но најбитен е тимот, мора да играме тимски, само така можеме да им се спротивставиме на Шпанците. Можеби мал хендикеп за нив е што не играат некои од стандардните играчи, но тоа не мора да биде пресудно бидејќи имаат широк избор на квалитетни фудбалери“, изјавил на прес конференцијата во Гранада селекторот на Македонија Игор Ангеловски.

Македонија по три натпревари нема победа, ниту има освоен бод, иако со прикажаното против Албанија, Израел и Италија не заслужи нула на бодовното салдо.

Тоа го истакна и шпанскиот селектор Хулен Лопетеги, кој добро ја простудирал играта на македoнската репрезентација. Инаку Шпанија на овој натпревар ќе биде без неколку влијателни играчи Пике, Рамос, Жорди Алба, Иниеста и Диего Коста.

Мечот Шпанија-Македонија се игра во Гранада од 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП