23 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнглија лесно со Шкотска, победи со пресврт за Франција и Ерменија

Англија лесно со Шкотска, победи со пресврт за Франција и Ерменија

englezi33

Англија ја доби „битката за Британија“, Германија го декласира Сан Марино, Полска ја освои Романија, Франција се намачи со Шведска, а Ерменија надомести два гола негатива и ја совлада Црна Гора, се главните карактеристики на првиот ден од четвртото квалификациски коло за пласман на СП во Русија.

Франција во А групата се намачи против Шведска, но успеа да победи и да се издвои на чело на табелата со 10 бодови. Форсберг постигна гол за Шведска во 55-та минута, но Французите се вратија за само десет минути. Три минути по голот на Швеѓаните израмни Погба, а во 65-та минута Паје го постави конечниот резултат 2-1.

В недела во оваа група ќе играат Луксембург-Холандија и Бугарија-Белорусија.

Германија е без конкуренција во Групата Ц, по четири кола светскиот првак има 12 бодови и гол разлика 16:0. Со хет трикот на Гнабри Германија славеше кај аматерите од Сан Марино 8:0.

Значајни победи на домашен терен запишаа Северна Ирска против Азербејџан 4-0 и Чешка во дуелот со Норвешка 2-1.

Полска е лидер во Групата Е, откако победи во Букурешт против Романија 2-0. Гросицки и Левандовски беа стрелци на головите за Полска.

Трилер меч одиграа Ерменија и Црна Гора. Црногорците за само две минути постигнаа два гола во првиот дел преку вардаровиот играч Којашевиќ и Јоцветиќ, но Ерменците направија целосен пресврт. Григоријан и Харојан постигнаа голови за 2-2, а Газарјан во 93-та минута се погрижи бодовите да останат во Ерменија.

Данска со головите на двојниот стрелец Ериксен убедливо славеше против Казахстан со 4-1.

Британското дерби Англија-Шкотска се одигра во Групата Ф. Англичаните доминираа и славеа 3-0 со головите на Стариџ, Лалана и Кејхил. Словачка со 4-0 славеше над Литванија, додека голот на Вербиќ и донесе победа на Словенија на Малта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП