3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГризман: Еден ден би сакал да играм заедно со Погба

Гризман: Еден ден би сакал да играм заедно со Погба

grizman

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, повторно изјавил дека еден ден би сакал и на клупско ниво да игра со својот голем пријател Пол Погба. Оваа негова изјава само дополнително ги зголеми шпакулациите дека тој наредното лето ќе се пресели во Манчестер Јунајтед.

„Секогаш го прашувам Пол како е во Манчестер Јунајтед. Тоа е голем клуб со одличен стадион, инфраструктура и со добар менаџер Жозе Мурињо. ги слушам шпекулациите за мојата преселба во Манчестер Јунајтед или во ПСЖ, но во овој момент себеси не се гледам во нов клуб, иако би сакал некогаш да играм во ист клуб заедно со Погба “, изјавил Гризман за Sky Sport.

Шпанските и англиските медиуми изминатиот месец пишуваа дека Мурињо сака да го донесе Гризман, за кого рекол дека би бил идеална замена за Вејн Руни.

Инаку трансферот на Гризман нема да биде лесен за реализација за кој било клуб, бидејќи неговата откупна клаузула изнесува 100 милиони евра, а има договор со Атлетико до 2021 година.

Гризман веќе три сезони е дел од Атлетико Мадрид, претходно играше во Реал Сосиедад. На 120 натпревари за „јорганџиите“ има постигнато 65 голови.

Овој напаѓач беше најдобар играч и стрелец на Европското првенство, а пред две недели ја доби наградата за играч на сезоната во шпанското првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП