28 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНе помага ниту Меси, Бразил ја декласира Аргентина

Не помага ниту Меси, Бразил ја декласира Аргентина

nejma-mesi3

Бразил ја декласира Аргентина 3-0, во големото јужноамерканско дерби, кое се одигра во рамките на 11-то квалификациско коло за пласман на Мундијалот во Русија. Победи во ова коло забележаа селекциите на Уругвај, Парагвај и Венецуела, додека Колумбија и Чиле одиграа без голови.

Нејмар одигра уште еден брилијантен меч и е најзаслужен за триумфот против најголемиот ривал. Аргентина нема гостинска победа над Бразил цели 46 години, последен пат „гаучосите“ победиле на теренот на овој противник на 4.март 1970 година.

Поразот на Бразил го најави Кутињо во 24.минута, кога со фантастичен гол од 17 метри го отвори резултатот. Во финишот на полувремето Нејмар погоди за 2-0, а конечниот удар на Аргентина и го зададе Паулињо во 59.минута.

Последен пат Бразил со 3-0 славел против Аргентина во 2007 година на Копа Америка.

Голот кој го постигна Нејмар беше неговиот 50-ти за Бразил. Играчот на Барселона за националниот тим дебитирал во 2010 година и има одиграно 74 натпревар.

Нејмар на вечната листа се наоѓа на четвртото место, повеќе голови од него имаат постигнато Ромарио (55), Роналдо (62) и рекордерот Пеле (77).

На другите натпревари Уругвај славеше над Еквадор со 2-1, со головите на Коатес и Ролан, Перу неочекувано лесно се справи со Парагвај и победи 4-1, а Венецуела ја декласира Боливија со 5-0. Натпреварот Колумбија-Чиле заврши 0-0.

Бразил е прв во групата со 24 бодови, пред Уругвај кој има 23, трета е Колумбија со 18, а зад неа со бод помалку се Чиле и Еквадор. Аргентина е шеста со 16 бодови и има еден односно два бода повеќе од Парагвај и Перу, а на доното се Венецуела со пет и Боливија со четири бода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП