27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Десетката“ во Милан чека нов сопственик

„Десетката“ во Милан чека нов сопственик

honda

Јапонецот Кеисуке Хонда во јануарскиот преоден рок ќе го напушти Милан, што значи дека „десетката“ ќе биде слободна. Можна нова „десетка“ на Милан е Сеск Фабрегас, чиj трансфер клубот ќе се обиде да го реализира во јануари.

Кеисуке Хонда во Милан пристигна како големо засилување, но Јапонецот не покажа ниту дел од својот талент, поради тоа тој заминува во јануари. Интерес за 30-годишниот фудбалер покажале неколку тимови од американското првенство и кинескиот Шангај Сипга чии тренер однеодамна е Португалецот Андре Виљаш-Боас.

Договорот на Хонда со Милан истекува по завршувањето на сезоната, но бидејќи од почетокот на првенството има одиграно само два натпревари, клубот нема да му прави проблеми да си замине уште во јануари.

Со заминувањето на Хонда ќе се ослободи „десетката“ која во минатото ја носеле Руд Гулит, Дејан Савиќевиќ, Звонимир Бобан, Руи Коста, Кларенс Седорф…

Најголем кандидат да го задолжи овој број е Сеск Фабрегас кој се наоѓа на излезната врата од Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП