21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар-Кјелце дерби за лидерска позиција во групата

Вардар-Кјелце дерби за лидерска позиција во групата

var-kjelce

Ракометарите на Вардар, во дербито на колото во Лигата на шампионите, в сабота во „Јане Сандански“ ќе го пречекаат актуелниот европски шампион Кјелце. „Сите се здрави и подоготвени да се надигруваат со еден квалитетен тим каков што е Кјелце“, рече меѓу другото на прес-конференцијата вардаровиот тренер Раул Гонзалес.

Шестото коло во Б групата во Лигата на шампионите го носи дербито на неделата, пресметката на Вардар и европскиот првак Кјелце. Во дербито двата тима влегуваат по непланираните порази (први во сезоната), Вардар загуби во Загреб, а Кјелце на домашен терен од Рајн Некар.

„Очекувам добар натпревар против екипа која има добри, физички силни и квалитетни ракометари. Кјелце има добар напад на што ние ќе мора да одговориме со добра одбрана и ќе мора да ја користиме нашата контра. Имаме уште два дена да се подготвиме за мечот, а по тренингот во петок ќе решам кој ќе игра на натпреварот против Кјелце. Очекувам, исто така, полна сала и поддршка од трибините“, рече Раул Гонзалес.

Според она како досега се одвиваат настаните во Б групата, скопскиот меч и реваншот во Полска, ќе решат кој ќе го освои првото место во групата, што ќе му овозможи да го прескокне осминафиналето.

„Ние играчите знаеме против кого играме. Ова е важен меч за нас, бидејќи се бориме за првото место во групата. Треба да одиграме добро во текот на целиот натпревар. Многу го почитуваме Кјлеце, тим кој игра добро сезонава, тим кој има квалитетени играчи на сите позиции и поради тоа ние мора да играме паметно против нив. Не смееме да им дозовлиме да постигнуваат лесни голови од контранапади, треба да бидеме фокусирани сите 60 минути“, рече Алекс Душебаев.

Инаку десниот бек на Вардар има посебен мотив, тој ќе игра против својот иден клуб кој од клупата го предводи неговиот татко Талант Душебаев.

„Кога ќе започне натпреварот ќе размислувам само за тоа – победа на Вардар. После натпреварот можеме да бидеме пријатели, но додека трае мечот размислувам само за победата на мојот тим“, дополни шпанскиот репрезентативец.

Натпреварот Вардар-Кјелце в сабота ќе започнe во 17:30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП