15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКарпош Соколи ќе гостува кај Црвена ѕвезда на 21-ти ноември

Карпош Соколи ќе гостува кај Црвена ѕвезда на 21-ти ноември

k-sokoli

Поради згуснатиот распоред кој во наредните десет дена ќе го имаат кошаркарите на Црвена ѕвезда, за еден ден е поместен терминот на одигрувањето на нивниот натпревар против Карпош Соколи во 10. коло во АБА лигата.

Актуелниот регионален кошаркарски шампион Црвена ѕвезда, ќе го пречека тимот на Карпош Соколи на 21. ноември (понеделник), а не како што претходно беше предвидено на 20. ноември. Терминот на одигрувањето на натпреварот останува ист – 18 часот.

Дуелот е поместен за еден ден поради згуснатиот распоред на Црвена ѕвезда, која за десет дена ќе одигра пет средби.

Белградскиот тим во само една недела ќе мине 9.000 километри. Во средата Црвена ѕвезда отпатува за Казањ, каде в четврток ќе игра против Уникс во Евролигата, од Казањ тимот оди во Загреб на дуел со Цибона во АБА лигата, а потоа се сели во Бабмерг на уште еден евролигашки меч.

Македонскиот прествник, Карпош Соколи е единствениот тим кој по првите осум кола сé уште нема победа во АБА лигата. Карпош Соколи пред мечот со Црвена ѕвезда ќе играат против Будуќност, овој меч е напрограмата в сабота од 12 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП