29 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОХарден го сруши СА, Оклахома без решение за Дерозан

Харден го сруши СА, Оклахома без решение за Дерозан

harden-sa3

Џејмс Харден и Демар Дерозан индивидуално ги обележаа натпреварите кои изминатата ноќ се одиграа во НБА лигата. Харден блескаше против Сан Антонио, а Дерозан на натпреварот со Оклахома. Тимовите кои беа домаќини победија на осум од 11-те одиграни натпревари.

Џејмс Харден одигра за тимот, поентираше, скокаше и разигруваше поради што Хјустон во дербито на Tексас победи во Сан Антонио 101:99. Харден оствари трипл-дабл од 24 поени, 12 скокови и 15 аситенции, но имаше и осум загубени топки.

Во првите седум мечеви сезонава Харден има просек од 31, 6 поени, 12,7 асистенции и 7 скокови по натпревар.

Сан Антонио на овој меч го предводеше Кавај Ленард со 34 поени и седум скока.

Торонто победи во Оклахома 112:102, а блескава партија пружи Демар Дерозан (37 поени, 4 скока, 6 асистенции). Неговиот партнер во бековската линија на Торонто Кајл Лаури оствари дабл-дабл од 19 поени и 13 асистенции.

Оклахома ја предводеше Расел Вестбрук со 36 поени, но бекот на Тандер имаше лош процент на реализација, тој погоди само девет од 26-те обиди од поле.

Голден Стејт го декласира Далас 116:95, а ударното трио на вицепрвакот постигна 20+ поени. Кевин Дурент 28, Стеф Кари 24, Клеј Томпсон 20 поени.

Далас го предводеше доскорешниот играч на Голден Стејт, Харисон Барнс со 25 поени, а братот на Стеф Кари, Сет имаше учинок од 10 поени и девет асистенции.

Резултати: Индијана-Филаделфија 122:115, Њујорк-Бруклин 110:96, Орлансо-Минесота 107:123, Вашингтон-Бостон 118:93, Шарлот-Јута 104:98, Атланта-Чикаго 115:107, Феникс-Детроит 107:100, ЛА Клиперс-Портланд 111:80.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП