21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОТотенхем бара 100 милиони фунти за Велшанецот

Тотенхем бара 100 милиони фунти за Велшанецот

Gareth Bale of Tottenham Hotspur celebrates his goal with team-mate Yago Falque, 0-1

Раководството на Тотенхем постави рекордна цена од 100 милиони фунти за ѕвездата на тимот Герет Бејл, во обид да го задржи на „Вајт Харт Лејн“ и во следната сезона. Велшанецот е најпосакуваниот играч во претсојниот преоден рок и гигантите од сите првенства сакаат да го земат во своите редови. Тој се најде на „мета“ на Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ.

Според последните информации во моментов Баерн е фаворит за потписот на Бејл. Новиот тренер на „баварците“ Пеп Гвардиола го има поставено овој играч на првото место на листата за засилувања и ќе направи се за да го има во својот состав. Сепак изгледа многу тешко дека од Баерн да ги дадат бараните од Тотенхем 100 милиони фунти за 23-годишниот играч.

Сосема е можно во оваа ситуација Бејл да остане во Тотенхем и во следната сезона, што е и желбата на раководството на тимот. Но ситуацијата може да се промени само ако Тотенхем не успее да се квалификува за учество во Лигата на Шампионите во следната сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП