28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеми во Амстердам, Белорусија ја изненади Грција (видео)

Реми во Амстердам, Белорусија ја изненади Грција (видео)

5184

Холандија и Белгија ремизираа 1-1 во пријателски натпревар одигран во Атина, додека Белорусија, во Атина, ја совлада Грција 1-0.

Холандија против најблиските соседи Белгијците нема победа цели 19 години, последен пат „лалињата“ се радувале на триумф против Белгија во 1997 година. На последните седум натпревари Холандија има два порази од Белгија.

Во средата, Холандија прва постигна гол, во финишот на првиот дел постигна гол од пенал преку Класен. На пеналот му претходеше стартот на Вертонген врз Ленс.

До крајот на мечот Белгија ја контролиораше играта создаде неколку шанси, а само Караско успеа да го совлада Стекеленбург во 83.минута.

Лукаку, пет минути пред израмнувачкиот гол имаше неверојатно промашување, а по голот на Караско, Стекеленбург спаси чист гол по шансата на Азар.

Во вториот пријателски меч кој се одигра во средата Белорусија, во Атина, ја изненади Грција. Белорусите славеа со 1-0 со брилијантниот гол од слободен удар на Палицевич во 14.минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП