2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБолт: Сакам да се пробам како фудбалер

Болт: Сакам да се пробам како фудбалер

bolt98

Најбрзиот човек на светот, Јамајканецот Усаин Болт(30) изрази желба да се обиде како фудбалер.

„Не е важно името на клубот, не мора да биде некој од премиерлигашите. Би сакал дса се испробам како фудбалер, би сакал да добијам шанса за да видам каде сум. Тоа би ме одушевило“, рече сопственикот на девет златни олимписки медали во разговор за L’Equipe.

Бол смета дека неговите фудбалски вештини се подобри од некои фудбалски професионалци.

„Често гледам фудбалски натпревари и некои од фудбалерите не се толку добри колку јас. Ќе мора да организираме некој вид тест на моите вештини“, рече самоуверено Болт.

Тој е голем навивач на Манчестер Јунајтед и откри што би се случило кога би добил повик од ‘црвените ѓаволи’.

„Кога би ме повикале од Јунајтед би прекинал сѐ и би седнал во првиот авион и би се упатил во Англија“, рече Болт, додавајќи со насмевка.

„Верувам во Мурињо. Тој препознава таленти. Тој ќе рече:Усаин…“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП