20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДиего Коста нема да игра против Македонија

Диего Коста нема да игра против Македонија

Diego Costa of Spain during the friendly match between Belgium and Spain on September 1, 2016 at the Koning Boudewijn stadium in Brussels, Belgium.(Photo by VI Images via Getty Images)

Напаѓачот на Челзи, Диего Коста, поради пореда на препоните, ќе го пропушти натпреварот од квалификациите за пласман на Мундијалот во 2018 година против репрезентацијата на Македонија.

Коста повреден пристигнал на подготовките на шпанската репрезентација, а како што пренесува „Ел Конфедесијал“, селекторот Хулен Лопетеги, ќе му дозволи на Коста да се врати во Лондон за да започне со рехабилитација.

Диего Коста се повредил во саботата на натпреварот Челзи-Евертон, на кој постигна еден од петте гола на „сините“.

Бразилецот со шпански пасош од почетокот на сезоната се наоѓа во одлична форма, со девет голови тој е водечи стрелец во Премиерлигата.

Шпанија в сабота ќе ја пречека Македонија во Гранaда, а три дена подоцна ќе одигра пријателски натпревар против Англија во Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП