11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКрос ги пропушта дуелите со Атлетико и Барселона

Крос ги пропушта дуелите со Атлетико и Барселона

CARDIFF, WALES - AUGUST 12: Toni Kroos of Real Madrid in action during the UEFA Super Cup match between Real Madrid and Sevilla FC at Cardiff City Stadium on August 12, 2014 in Cardiff, Wales. (Photo by Chris Brunskill Ltd/Getty Images)

Тони Крос, поради повреда, седум до осум недели, ќе отсуствува од тимот на Реал Мадрид. Германецот се повредил во неделата на натпреварот со Легањес, на кој Реал победи 3-0.

Тони Крос, по неделниот натпревар со Легањес, заминал во Германија каде му била дијагностицирана фрактура-авулзија на петтата метатарзална коска во десната нога, објави неговиот клуб Реал на официјалната интернет страница.

Крос веднаш се вратил во Мадрид, каде за неговата здравствена состојба ќе се грижи лекарскиот тим на Реал.

Повредата на Крос ќе му создаде проблеми на тренерот Зидан, бидејќи Германецот нема да биде во комбинација за двете дерби средби во шпанското првенство против Атлетико (19.ноември) и Барселона (4.декември), како и за последните две средби во Лигата на шампионите против Спортинг Лисабон и Борусија Дортмунд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП