Луис Назарио да Лима, или оригиналниот Роналдо, смета дека Кристијано Роналдо треба оваа година да ја добие престижната награда „Златна топка“.
Кристијано Роналдо. во годината која изминува ја освои Лигата на шампиони со Реал и европската титула со репрезентацијата на Португалија.
Португалецот во сите натпреварувања постигнал 51 гол на 48 одиграни натпревари, а запишал и 15 асистенции.
„Доколку мене ме прашувате, оваа година Кристијано, поради сé што освои, мора да биде пред Лионел Меси. Многумина го критикуваа поради формата, но јас мислам дека тој немаше кризен период. За Португалецот најдобро е да продолжи да игра во овој ритам, да ја заврши кариерата во Реал, а потоа да преземе некоја функција“, рекол Роналдо за бразилскиот Кларо спорт.
Кристијано Роналдо во досегашната кариера трипати ја освоил „Златната топка“, Меси има освоено две повеќе.
„Златната топка“ ќе биде доделена на 9. јануари наредната година во Цирих.