Фудбалерот на Арсенал, Алексис Санчес, на тренингот на репрезентацијата ја повредил „задната ложа“ и му се заканува подолго отсуство од фудбалските терени.
Алексис Санчес од почетокот на сезоната на 15 натпревари постигна осум голови и забележа седум асистенции и е еден од најзаслужите за добрите игри на тимот, кој се наоѓа на третото место на табелата во Премиерлигата и веќе обезбеди пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите.
Поранешниот напаѓач на Удинезе и Барселона се повредил на трениенгот на националниот тим, а дополнителните прегледи покажале дека се работи за раптура на мускулот.
Чилеанецот поради повредата ќе ги пропушти квалификациските натпревари на неговата репрезентација против Колумбија и Уругвај.