21 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрв пораз на шампионот, Атланта победи во Охајо

Прв пораз на шампионот, Атланта победи во Охајо

atlanta-cavs

Актуелниот шампион во НБА лигата, Кливленд Кавалирс, во седмиот меч го доживеа првиот пораз во новата сезона. Кливленд како домаќин загуби од Атланта 106:110. Њу Орлеанс и во осмиот меч не успеа да победи, овој тим заедно со Филаделфија се единствените кои немаат победа од почетокот на сезоната.

Кливленд по стартните шест победи го доживеа првиот пораз во првенството и тоа на домашен терен од екипата на Атланта 106:110. Гостите од Џорџија на теренот на шампионот одиграа брилијантен меч и предводени од Денис Шредер (28 поени, 6 асистенции), Кент Бејзмор (25 поени, 6 скока) и Пол Милсап (21 поен, 5 скока) дојдоа до победата.

Кај Кливленд Кајри Ирвинг постигна 29 поени, Кевин Лав имаше двоен ефект од 24 поени и 12 скокови, а Леброн Џејмс имаше учинок од 23 поени, девет скока, пет асистенции и три украдени топки.

На останатите натпревари: Портланд, предводен од Лилард и Мекалум, славеше над Феникс 123:121, ЛА Лејкерс против Далас го забележаа првиот сезонски пораз на домашен терен 97:109, Сакраменто го порази Њу Орлеанс 102:94, Бруклин ја совлада Минесота 119:110, а Мемфис во драматичен финиш го победи Денвер 108:107.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП