24 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООд безбедносни причини Албанија-Израел во Елбасан

Од безбедносни причини Албанија-Израел во Елбасан

elbasan-stadion-1

Фудбалскиот сојуз на Албанија соопшти дека од безбедносни причини го сменил градот во кој ќе се игра квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство помеѓу Албанија и Израел. Домаќинот ќе го пречека Израел во Елбасан, а не како што првично беше одлучено во Скадар.

Поради можен терористички напад, натпреварот од Г групата во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија, наместо на стадионот „Лоро Боричи“ во Скадар, ќе се одигра во Елбасан, град кој се наоѓа на 55 километри јужно од Тирана.

Албанските медиуми пренесоа дека биле уапсени четири лица кои подогтвувале терористички напад, но од канцеларијата на државниот обвинител на Албанија одбиле да ја коментираат оваа информација.

Причините за префрлањето на натпреварот од Скадар во Елбасан не сакал да ги коментира ниту портпаролот на Фудбалскиот сојуз на Албанија, Тритан Кока.

Албанија и Израел ќе играат в сабота од 20:45 часот, а на табелата двете селекции имаат по шест бода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП