2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМКФ: Лигата да започне викендов, а вонредно Собрание да има на 15.декември

МКФ: Лигата да започне викендов, а вонредно Собрание да има на 15.декември

basketball-696x468

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), на својата редовна седница, го прифати предлогот на претседателот на МКФ Петар Наумовски викендов да започне домашното првенство, а клубовите да добијат рок до наредниот петок да ги платат лиценците за странци и котизацијата.

Наумовски, исто така, покажа подготвеност да го закаже вонредното Собрание за 15.декември.

МКФ на чело со претседателот Наумовски го повлекоа првиот потег, викендов да стартува домашното првенство, а клубовите да добијат рок, најдоцна до наредниот петок (18.ноември) да ги подмират обврските кон Федерацијата: да ги платат лиценците за странците и котизацијата за учество.

Со овој предлог МКФ ја префрли топката кај Здружението на прволигаши, кое треба да реши дали ќе ги прифати понудените услови или ќе остане на ставот, поради кој и доцни стартот на лигата, лиценците за странци да бидат исти како и минатата сезона.

Наумовски на седницата на Управниот одбор на МКФ рече дека е подготвен да го закаже вонредното Собрание за 15.декември, иако иницијативата која ја поднеле клубовите била невалидна.

„Иницијативата која беше поднесена од клубовите, вкупно 12 плус еден што доцнел е невалидна. Истата беше проследена до Агенцијата за млади и спорт за да се види колкав број на клубови имаат дозвола за работа. Од оние кои се потпишале на иницијативата, три клуба (Охрид, Радовиш, Кожувчанка) немаат дозвола за вршење дејност спорт. Тоа значи дека десетте потписи се недоволни за свикување на вонредно Собрание. Иницијативниот одбор, намерно или не, не го прочитал Статутот. Имаме грешка во чекори, но јас како претседател предлагам да не чекаме повторно да се собираат потписи, туку да има вонредно Собрание на 15.декември“, рече Наумовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП