27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПиоли нов тренер на Интер, ќе дебитира против Милан

Пиоли нов тренер на Интер, ќе дебитира против Милан

pioli-696x447

Стефано Пиоли е именуван за нов тренер на Интер, соопшти клубот од Милано. Пиоли го наследи Франк де Бур кој доби отказ пред десет дена.

Стефано Пиоли и Интер договорија соработка до 30.јуни 2018 година. Пиоли има 51 година, како играч настапувал за Парма, Верона, Јувентус и Фиорентина, а тренерската кариера ја започнал во 1999 година.

Започнал како тренер во младинскиот тим на Болоња, а потоа работел самостојно во Парма, Пјаченца, Сасуоло, Киево, Палермо, Болоња и Лацио.

Пиоли изминатите две сезони беше во Лацио и со овој тим оствари 44 победи на 91 натпревар. Во првата сезона на клупата на „небесносините“ го освои третото место во Серија А и играше во финалето на Купот.

Интер во шампионатот се наоѓа на деветтото место на табелата со 17 бодови, 13 помалку од лидерот Јувентус, а во Лига Европа е последен во Групата К.

Пиоли дебито на клупата на Интер ќе го има на 20.ноември во градското дерби против Милан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП