22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧедомир Јаневски нов тренер на Беверен

Чедомир Јаневски нов тренер на Беверен

5820fb8acd70958a9d5e5975

Белгискиот прволигаш Беверен, во вторникот, го промовираше Македонецот Чедомир Јаневски (55) за нов тренер.

„Мислам дека Беверен го направи вистинскиот избор. Поставивме одредени критериуми за тоа какви квалитети треба да поседува новиот тренер. Од разговорите со кандидатите ни стана јасно дека Чедомир Јаневски најдобро се вклопува во тој профил“, рекол претседателот на Беверен, Дирк Хујк.

Јаневски на клупата на Беверен го наследи Стијн Вревен кој замина од клубот на 28.октомври.

Новиот тим на Јаневски по 14 одиграни натпревари во белгиската лига се наоѓа на 12-то место со 13 бодови, четири повеќе од последнопласираниот Вестерло.

Јаневски голем дел од својата играчка и тренерска кариера минал во Белгија: како фудбалер настапувал Бриж (1989-1991), Шарлероа (1991-1995) и Локерен (1996-1997), додека како тренер ги предводел Бриж (2007), Монс (2013-20140, Мускрон (2015-2016), а во 2007 година бил асистент во Гент.

Јаневски, кој исто така е и поранешен селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, на клупата на Беверен ќе дебитира на 19.ноември против Кортријк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП