1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејмар и неговиот татко повторно ќе се појават пред судот

Нејмар и неговиот татко повторно ќе се појават пред судот

neymarepapa-696x522

Напаѓачот на Барселона Нејмар да Силва и неговиот татко повторно ќе се најдат пред шпанскиот суд поради сомнежите за малверзации и даночно затајување, поврзани со неговиот трансфер од Сантос.

Шпанскиот суд побарал Нејмар, неговиот татко и поранешниот, односно актуелниот претседател на Барселона Жосеп Марија Бартомеу и Сандро Росел, да се појават на судењето бидејќи бразилскиот инвестициски фонд (ДИС) смета дека од трансферот добил помалку пари, со оглед на тоа дека Барселона не ја пријави вистинската цена на трансферот.

Бразилскиот инвестициски фонд во време кога е направен трансферот од Сантос во Барселона би сопственик на 40 отсто од правата врз Нејмар.

Од Барселона по повод најновиот случај се огласија преку соопштение во кое се тврди дека кај нив нема вина и дека истата ќе ја докажат.

Нејмар и неговиот татко во февруари ги отфрлија обвинувањата дека имало неправилности во трансферот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП