3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООсасуна му врачи отказ на тренерот Мартин

Осасуна му врачи отказ на тренерот Мартин

%d0%be%d1%81%d0%b0%d1%81%d1%83%d0%bd%d0%b0

Фудбалскиот клуб Осасуна му врачи отказ на тренерот Енрике Мартин поради лошиот старт во новата сезона, пренесоа шпанските медиуми.

„Клубот реши дека е вистинско време за да ја донесе оваа одлука. Сакаме да му се заблагодариме на Мартин за напорот кој го вложи и за неговата посветеност кон работата. Му посакуваме многу среќа, тој како играч и потоа како тренер остави длабока трага во овој клуб“, се наведува во соопштението на клубот од Памплона.

Осасуна по 11 одиграни натпревари во првенството се наоѓа на претпоследната позиција на табела со само седум бодови.

Мартин (60), како играч 11 години го носел дресот на Осасуна и одиграл повеќе од 250 натпревари, а потоа во три мандати како тренер го предводел тимот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП