3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏеко и Салах најефикасен тандем во Европа

Џеко и Салах најефикасен тандем во Европа

edin-mohamed

Един Џеко и Мохамед Салах, во моментов, се најдобрата напаѓачка двојка во вој момент во најсилните пет национални првенства во Европа.

Рома е втора на табелата во Серија, по 12.одиграни натпревари, има 26 бодови, четири помалку од лидерот Јувентус.

Екипата на Рома на 12 натпревари има постигнато 29 голови, а 18 од нив се дело на тандемот Џеко-Салах. Репрезентативецот на БиХ, Џеко, има постигнато 10 голови и заедно со Икарди го дели првото место на листата на најдобри стрелци заедно со Мауро Икарди од Интер, додека Салах е стрелец на осум гола (вклучувајќи го и хет трикот против Болоња во неделата).

Тандемот на Рома, во овој момент има постигнато повеќе голови во првенството на Италија, од тандемот на Барселона Лионел Меси-Луис Суарез во шпанскиот шампионат. Меси и Суарез, во неделата постигнаа по еден гол во победата на Барса во Севилја (2-1) со што стигнаа до бројката од 16 погодоци.

Ист број на погодоци како тандемот Меси-Суарез имаат постигнато Единсон Кавани и Лукас Моура од ПСЖ во Франција, односно тандемот на Челзи Диего Коста-Еден Азар во англиската Премиерлига.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП