28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал летово понудил 90 млн за Обамејанг

Арсенал летово понудил 90 млн за Обамејанг

obamejang-1-696x392

Италијанскиот менаџер Винченцо Морабито откри дека во летниот преоден рок Арсенал бил подоготвен да го сруши клупскиот трансфер рекорд, но Борусија ја одбила понудата за Пјер-Емерик Обамејанг.

Арсенал, во летниот преоден рок, очајнички се обидуваше да донесе квалитетен напаѓач, а Арсен Венгер, бил подготвен да го сруши и клупскиот трансфер рекорд, но челниците на Борусија не сакале да преговараат околу трансферот на Обамејанг.

Оваа информација ја откри Винченцо Морабито, кој летото, се обидувал да го издејствува трансфертот на Обамејанг во Наполи.

„Го побарав спортскиот директор на Борусија Цорк, сакав да разговараме за Обамејанг, но тој веднаш ми рече „Не“. Занам и дека ова лето Арсенал за него понуди 90 милиони евра, но и Венгер го доби истиот одговор“, рекол Морабито.

Инаку, рекорден трансфер на Арсенал е оној од пред три години кога во клубот за сума од 47 милиони евра пристигна Месут Езил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП