21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНООсми пораз на Карпош Соколи во АБА лигата

Осми пораз на Карпош Соколи во АБА лигата

karpos-sokoli-li-li

Карпош Соколи остана единствениот тим во АБА лигата кој нема победа во првите осум кола. Карпош, во понеделникот, загуби од ФМП 67-62.

Ниту промената на тренерот, заминувањето на Матиќ и доаѓањето на Николиќ, не ја донесе толку многу посакуваната премиерна победа на Карпош Соколи во регионалната конкуренција.

Новиот кормилар на „соколите“ внесе свежина во играта, но по мечот во белградското предградие Железник и него му е јасно дека му претстои макотрпна работа.

Карпош Соколи имаше можност да стигне до победата, но на крајот пресудија 22-те загубени топки и нереализираните слободни фрлања на Лабовиќ во последната минута од натпреварот.

Лабовиќ со 13 поени беше најефикасен кај Карпош, а по 12 кошеви постигнаа Американците Пери и Ричардс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП