2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо продолжува со Реал: Ќе играм уште 10 години

Роналдо продолжува со Реал: Ќе играм уште 10 години

ronaldo-2021-696x465

Кристијано Роналдо го стави својот потпис на новиот договор со Реал. Португалецот ќе остане во Реал до јуни 2021 година, а неделно ќе заработува околу 410.000 евра.

Кристијано Роналдо во 2009 година пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ и според новиот договор тука ќе ја заврши кариерата. Португалецот во досегашната кариера во белиот дрес постигнал 371 гол, освоил две титули во Лигата на шампионите и само една во шпанското првенство.

„Сакам да уживам во годините кои ми останаа до крајот на кариерата, а ќе бидат уште десет. Драго ми е што ќе останам тука и се надевам дека ова нема да биде мојот последен договор. Често говорев дека Реал е во моето срце, дека е дел од мене и дека има посебно место во мојот живот. Сакам да продолжам да пишувам историја со овој клуб“, рече 31-годишниот Роналдо.

Кристијано Роналдо е вториот играч од актуелниот состав на Реал кој потпиша нов договор, пред десет дена Герет Бејл се обврза да го носи дресот на Реал до 2022 година.

Португалецот новиот договор го потпиша во претседателската ложа на „Сантијаго Бернабеу“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП