10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБабунски и Ристовски: Да покажеме карактер против Шпанија

Бабунски и Ристовски: Да покажеме карактер против Шпанија

david-babunski-696x915

Уште по објавувањето на списокот забележливо беше дека на него има осуммина играчи од младата репрезентација, но селекторот повотрно потенцира дека „нема поделба на млади и стари“.

Сите во националниот тим ќе имаат ист третман и сите ќе се борат за свое место во најдобриот состав, меѓу нив е и еден од лидерите на У 21 селекцијата, Давид Бабунски.

„Среќен сум што се вратив во А репрезентацијата. Дојдовме тука да помогнеме и да дадеме се од себе и најдобрата селекција да почне да постигнува добри резултати“, рече на брифингот со новинарите Бабунски, кој смета дека неиграњето на Рамос, Пике, Алба и Иниеста нема да преставува проблем за „црвената фурија“.

„Имаат доволно играчи да пополнат секое место во тимот. Ние покажавме дека можеме да се носиме со која и да е репрезентација, тоа го покажавме и против Италија“, рече играчот на Црвена ѕвезда.

„Сите зме здрави и живи, добро е што и младите се тука, еве јавно да им честитам за пласманот на Европското првенство. Треба да извлечеме поуки, да ги задржиме позитивните работи од мечевите кои ги одигравме, да одиграме „со ладни глави“. Шпанија, тоа е голема класа. Тогаш не поминавме добро, не покажавме ниту карактер каков што покажавме на претходните две средби (Израел и Италија). Треба да гиизвлечеме позитивнните работи од тие натпревари. Треба да покажеме дека сме „гладни“ за освојување на бодови. Од вакви натпревари може само да се добие“, се надоврза на зборовите на соиграчот дефанзивецот на Ријека, Стефан Ристовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП