3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple доминира на глобалниот пазар на паметни часовници

Apple доминира на глобалниот пазар на паметни часовници

pazar-apple-333

Пазарот на „паметни часовници“ продолжува да расте, барем според компанијата за пазарни анализи „Canalys“. Во третиот квартал „Apple“ успева да испорача 2,8 милиони „Apple Watch“ уреди, објави „Canalys“, па тој е доминантниот играч.

Генерално во периодот меѓу јули и септември во целиот свет биле продадени 6,1 милиони паметни часовници, што претставува раст од 60% на годишна основа.

„Apple“ е лидер со пазарен удел од околу 45 проценти. Компанијата од Купертино претстави новите серии на „Apple Watch Series 1“ и „Series 2“. Овие модели се продаваат доста добро, сметаат од „Canalys“. Покрај тоа, на пазарот се и моделите од оригиналниот „Apple Watch“ од 2015-та година на ниските цени.

За традиционално силниот четврт квартал аналитичарот на „Canalys“, Даниел Мате очекува нов силен тренд нагоре, благодарение на новите апликации кои ќе бидат достапни наскоро. Добри вести за пазарот според него е и интеграцијата на „GPS“ во „Apple Watch“. На овој начин „Apple“ може да се надева на одземање од пазарните удели на пример на „Fitbit“ и други конкуренти.

pazar-apple-335

Има и доза песимизам за калифорниската компанија. Побарувачката на „iPhone“ намалува, а со тоа се намалува и таа на „Apple Watch“. Особено во Кина компанијата треба да вложи напори, смета Мате. Кинескиот пазар на паметни часовници забележува годишен раст од 40%, забележува тој.

„Apple“ би можел да искористи и од одложувањето на пуштањето на „Android Wear 2.0“ и на „Samsung Gear S3“. Од друга страна на пазарот влегуваат и поевтини алтернативи, како што е „Huami“, кој го претстави својот прв уред „Amazfit“. Според Мате уредот нуди добар квалитет во споредба со ниската цена од само 120 долари.

Статистиката на „Canalys“ е радикално поинаква од податоците кои порано ги обезбеди компанијата за пазарни анализи „IDC“. Според неа снабдувањето на најпаметните часовници во третиот квартал предвиде „значителен“ пад, со 51,6% помалку од истиот период од минатата година. Само 2,7 милиони единици биле продадени во третиот квартал на 2016-та година во однос 5,6 милиони во третиот квартал на 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП