22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУспешен настап на Макпетрол на државното карате првенство

Успешен настап на Макпетрол на државното карате првенство

%d0%bc%d0%b0%d0%ba-%d0%b8%d0%bc

Викендов во Скопје се одржа Државното карате првенство, за кадети, јуниори и постари јуниори (У21), во дисциплините кати и борби. Каратистите на Макпетрол и на ова првенство имаа одличен настап и успеаја да освојат вкупно седум медали, од кои три златни две сребрени и две бронзени.

Со златен медал се закитија: Петар Заборски у 21 категорија( -75 кг), Моника Пендаровска у 21 (-53 кг) и Ангела Мојсовска у21, (-68 кг). Медали уште освоија: Кристијан Беллокоски у21, (-84 кг), Даут Рамадани јуниор( -63 кг), Абдурахим Идриз кадет -52 кг и Теа Крстевска кадетка (-47 кг).

„Задоволни сме од постигнатото и генерално го остваривме нашиот план и проценка пред почетокот на натпреварот. За нас е најважно тоа што првите места ги освоија каратисти кои се квалитетни и можеме од нив да очекуваме и добри пласмани и медал најнапред на Балканското првенство (Сараево) а потоа и на европското првенство во Софија“, изјави тренерот Бошко Заборски.

Државното првенство носи најмногу бодови, кои се од пресудно значење за влез во националниот тим, овој натпревар е највисоко бодуван од страна на КФМ, и затоа имаше голема важност за избор на Македонската национална млада репрезентација која ќе треба да ја претставува нашата држава, на европското првенство во месец февруари во Софија, Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП