3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФенербахче: Окото на Ван Перси е во ред

Фенербахче: Окото на Ван Перси е во ред

vanpersita3

Поранешниот холандски репрезентативец, Робин Ван Перси се чувствува добро и видот не му е загрозен, откако го повреди левото око на натпреварот во турскиот шампионат меѓу Фенербахче и Акхисар.

„Ван Перси доби силен удар во окото што предизвика сериозно крварење. Веднаш го испративме кај офтамолог, кој по прегледите нé информираше дека повредата не е сериозна“, рекол клупскиот доктор за официјалната интернет страница на Фенербахче.

Поранешниот фудбалер на Феенорд, Арсенал и Манчестер Јунајтед во еден дуел доби силен удар во левото око, што предизвика обилно крварење и страв дека видот на левото око му е загрозен. Сепак, дополнителните прегледи покажале дека повредата не е сериозна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП