Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: Оваа недела ќе се чувствувате многу изморено, обврските и задачите ве преклопиле, најдете време за одишка.
ЉУБОВ: Слободните можат да очекуваат авантура со помладо лице.
ЗДРАВЈЕ: Проблеми со притисокот и главоболка.
Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Ве очекуваат интересни деловни понуди. Најдобро е добро да размислите пред да донесете било каква одлука.
ЉУБОВ: Слободните Бикови ќе бидат опкружени со припадници од спротивниот пол. Постои голема шанса да влезат во врска.
ЗДРАВЈЕ: Проблеми со крвната слика и притисокот.
Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Имате проблем со организацијата – се трудите но никако да постигнете нешто.
ЉУБОВ: Зафатените ќе бидат несигурни во саканото лице, а слободните би требало малку повеќе да ја насочат енергијата кон општеството и лицата кои им се допаѓаат.
ЗДРАВЈЕ: Одлично
Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Имате потреба да докажете дека сте во прво, а колегите тоа го доживуваат како себичност и мудрување.
ЉУБОВ: Слободните може да очекуваат разрешување на емотивната ситуација, оние во врска ќе уживаат во љубовта.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со имунитетот.
Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: Премногу ќе бидете тврдоглави, а тоа ќе се одбие од вашата глава, можно е да бидете и парично казнети.
ЉУБОВ: Слободните ги очекуваат многу интересни случувања, додека оние во врска или брак постојано ќе бараат доказ за љубовта на партнерот.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со грбот.
Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Уморни сте и омалаксани. Повеќето задачи ги обавувате безволно и полека.
ЉУБОВ: Во љубовта ве очекуваат романтични потези кои за вас ќе бидат вистинско изненадување, но и уживање.
ЗДРАВЈЕ: Најдете време за подолг сон.
Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Оваа недела ќе ви биде многу поволна, како на финансиски план, така и на социјален план. Ќе запознаете многу нови лица кои имаат голема желба за бизнис како и вие и ќе успеете да договорите нови соработки.
ЉУБОВ: Доколку сте во брак или врска, ова е одличен период за внесување на промени во вашиот однос.
ЗДРАВЈЕ: Можна е настинка.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Ве очекува недела полна со обврски, но не се грижете, вашиот труд ќе биде награден. Работите ќе се одвиваат многу брзо, а вие секаде ќе бидете присутни.
ЉУБОВ: Личоста која ви се допаѓа воопшто не е свесна за тоа. Потрудете се да и покажете дека сте заинтересирани.
ЗДРАВЈЕ: Безпотребно ја трошите енергијата, се чувствувате премногу уморно.
Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Имате добри идеи, но не знаете како да ги спроведете во дела. Ви се чини дека се се одвива бавно, но всушност вие бавно напредувате.
ЉУБОВ: Одлична недела за авантури и необврзувачки познанства. Доколку сакате нешто посериозно, ќе мора малку да почекате на поповолни времиња.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со крвните садови и притисокот.
Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Незадоволни сте со финансиската ситуација и не знаете како да ја промените. Ќе добиете убава вест – ќе добиете прилика за дополнителна заработка.
ЉУБОВ: Престанете да ја идеализирате саканата личност. Тоа нема да ве одведе никаде, само во проблеми.
ЗДРАВЈЕ: Спијте малку повеќе од вообичаено.
Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Незадоволни сте со одредени случувања на работното место и остро ќе реагирате, внимавајте кои зборови ги користите со цел да не си наштетите.
ЉУБОВ: Постои голема шанса да доживеете љубов на прв поглед. Тоа е љубовната приказна која вие ја посакувате, зарем не?
ЗДРАВЈЕ: Одлично.
Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Ве очекуваат позитивни промени на работа. Оние кои се невработени ги чека подобрување на ситуацијата и многу нови можности.
ЉУБОВ: Слободните ќе стапат во контакт со повеќе лица па потоа ќе се двоумат за која личност да се одлучат. Оние зафатените ќе уживаат во хармонијата оваа недела.
ЗДРАВЈЕ: Потрудете се да го намалите стресот, бидете попозитивни.